Албанскиот централен бек од екипата на Шкендија, Клисман Цаке, и официјално заминува во екипата на Ахмат Грозни во руската Прва лига. Според информациите на „СпортСпорт“ цената на трансферот е 400.000 евра.
Цаке оваа сезона во дресот на Шкендија одигра 12 меча, од кои шест беа во рамките на Конференциската лига на УЕФА. Очигледно со своите настапи го привлече вниманието на повеќе клубови кои беа заинтересирани за него.
Ахмат Грозни, кој се наоѓа на 8. место на табелата во руската Премиер лига, ќе потпише договор на 3 години со Цаке.















