Словенецот Тадеј Погачар е избран за најдобар спортист во светот за 2025!

46
фото: @UAE-TeamEmirates (X)

Се чини сосема заслужено. Малата Словенија која има само 2 милиони жители го има најдобриот спортист во светот за 2025 година. Велосипедистот Тадеј Погачар и канадската пливачка Самер Мекинтош беа избрани за најдобри спортисти во светот во 2025 година во анкета на познатиот француски спортски весник „Л`Eкип“.

Двајцата го добија ова престижно признание за прв пат. Погачар „тесно“ го победи шведскиот скокач со стап Арманд Дуплантис. Тој имаше 821 поен, а Швеѓанецот 799. Третопласираниот шпански тенисер Карлос Алкараз имаше 252 поени, и јасно е колку овие двајца беа далеку од конкуиренцијата за оваа година.
Во женска конкуренција не беше толку возбудливо, а Мекинтош победи со 628 поени. Зад неа беа две американски атлетки, Сидни Меклафлин-Леврон собраа 516, а третата Мелиса Џеферсон-Вуден 425 поени.
Погачар годинава го освои Тур де Франс и со тоа ја прослави најпрестижната трка на планетата по четврти пат во својата кариера. Покрај тоа, 27-годишниот Словенец ја потврди својата доминација со победи на Трката околу Фландрија и Ломбардија и трката Лиеж-Бастон-Лиеж.
Самер Мекинтош се истакна на Светското првенство во Сингапур оваа година, освојувајќи четири златни медали.
Канадската тинејџерка беше најдобра во трките на 400 метри слободен стил, 200 метри пеперутка и 200-400 метри мешано.

ПретходноНеверојатно: Дури тројца голмани се сменија на голот на Уганда против Нигерија!
СледноМбапе откри што посакува во новата 2026 година!