Четврта последователна победа за Андреј Јакимовски и неговиот Тренто во рамките на Еврокупот. Вечерва во последниот меч за 2025 година, екипата на Тренто пред своите фанови славеше над екипата на Лондон Лајонс со 85:73 со што дојде до седмата сезонска победа во групата и сериозно ги зголеми шансите за место во разигрувањето.
Нашиот репрезентативец денеска доби нешто повеќе од половина час на паркетот за кои успеа да постигне 5 поени. Јакимовски имаше и 13 скока под кошевите со што даде полн придонес за нов успех на својот тим.










