Актуелниот есенски шампион во ПМФЛ шампионатот, тимот на Вардар во моментов секако е на одмор, како и сите останати прволигаши. И тоа заслужен. Избраниците на тренерот Гоце Седлоски ги „полнат батериите“ за да по новогодишните празници повторно се пријават на работното место во базата во Хиподром.
Шефот Седло ја закажа прозивката за 8 јануари, а паралелно ќе се обават и обавезните лекарски прегледи.
Првите денови секако програмата се обавува во домашни услови, за да потоа на 13 јануари се замине за Турција, поточно за Сиде. Хотелот „Rojal Dragon“ е базата за нашиот есенски шампион за оваа зима, а веќе се познати и пријателските средби кои Вардар ќе ги одигра.
Противници се ЈАблонец од Чешка, Андијон од Узбекистан, Мотор Лубин од Полска….
















