Ветено – сторено: ФФМ целосно го обнови теренот број 1 на ТЦ „Петар Милошевски“ (ВИДЕО)

113

Фудбалската Федерација на Македонија 2025 година ја завршува со реализација на уште еден голем проект. Теренот број еден во ТЦ „Петар Милошевски“ е целосно обновен, има нова дренажа, но систем за наводнување и комплетна нова тревна подлога.

„Од првиот ден до последниот детал – пред крајот на 2025 заокруживме уште еден голем проект. Теренот број 1 во ТЦ „Петар Милошевски“ е целосно обновен, нова дренажа, нов систем за наводнување и комплетно нова тревна подлога.

Услови како што заслужуваат нашите репрезентации“, се вели во известувањето на ФФМ. 

ПретходноЏошуа е стабилен, починаа членовите на тимот
СледноНавивачите на Денвер Нагетс повикуваат: Молете се за Јокиќ