Иконата на германскиот фудбал, Лотар Матеус, во својата колумна на Скај ТВ коментираше дека е задоволен од првиот гол на Флоријан Вирц за Ливерпул.
Германскиот плејмејкер го постигна вториот гол за “Редси“ во победата од 2-1 на домашен терен над Вулверхемптон Вондерерс.
„Тој постепено се етаблира, но мора да продолжи да се бори и постојано да се истакнува. На тој начин, повеќето топки ќе минуваат низ него и ќе има право да изведува директни слободни удари и пенали, како што правеше во Леверкузен и ја презема оваа улога во националниот тим“, рече Матеус, кој не е изненаден од периодот на адаптација на Вирц на англискиот фудбал.
„Тој има правилен став и желба да успее со тимот. Убеден сум дека ќе ја освои својата позиција“, Лотар Матеус.










