Откако синоќа Никола Јокиќ во болка го напушти дуелот од новото коло во НБА лигата, целиот свет беше во прашалници што се случува со најдобриот кошаркар на денешницата.
Во еден лош момент, и колизија со негов соиграч страдаше неговото колено од левата нога. Првично глетката воопшто не беше убава но сега од САД, поточно од Денвер стигнуваат смирувачки вести.
Лекарскиот тим на Нагетски потврди дека не се работи за сериозна повреда на Јокиќ и дека тој всушност има само „хиперекстенција“ на коленото. Поточно, нема да треба да паузира долго, односно само неколку дена.










