Јакимовски го понесе Тренто до нова победа во Еврокупот

81
Фото: Тренто/Фејсбук

Четврта последователна победа за Андреј Јакимовски и неговиот Тренто во рамките на Еврокупот. Вечерва во последниот меч за 2025 година, екипата на Тренто пред своите фанови славеше над екипата на Лондон Лајонс со 85:73 со што дојде до седмата сезонска победа во групата и сериозно ги зголеми шансите за место во разигрувањето.

Нашиот репрезентативец денеска доби нешто повеќе од половина час на паркетот за кои успеа да постигне 5 поени. Јакимовски имаше и 13 скока под кошевите со што даде полн придонес за нов успех на својот тим.

ПретходноЛука Трпевски е вистински бисер: Црвена Звезда го прогласи за најдобар млад фудбалер за 2025 година!
СледноЧелзи повторно „киксна“ дома, Евертон и Њукасл се враќаат со гостински победи