Јувентус позајмува од Вест Хем

48

Според пишувањата на „Скај Италија“, тимот на Јувентус е заинтересиран во своите редови да го доведе играчот за врска Гвидо Родригез. Аргентинецот во моментов е член на тимот на Вест Хем, а Јуве сака во Торино да го доведе на позајмица.

Родригез би можел да биде достапен на позајмица до крајот на сезоната, откако оваа сезона одигра само пет натпревари во Премиер лигата.

Други имиња што Јувентус ги истражува се Давиде Фратеси од Интер и Гонзало Гарсија од Реал Мадрид.

Јуве напролет планира да изгледа посилен на терен, па нормално дека засилувањата се во таа насока.

 

ПретходноМечот Нотингем Форест – Манчестер Сити ќе има „трето полувреме“… домаќинот ги бара разговорите помеѓу судиите
СледноБренан Џонсон со трансфер во Кристал Палас