Артета го искоментира потегот на Емери: Не ми е важно…

104

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, беше воодушевен од победата од 4-1 над Астон Вила во натпреварот од 19-тото коло на Премиер лигата.

Запрашан за реакцијата на менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, кој влезе во тунелот веднаш по последниот свиреж, Артета одговори:

„Не е проблем. Понекогаш се наоѓаме во такви ситуации, па затоа не ми е важно“, рече Шпанецот.

Тој не го криеше своете задоволство од она што го виде на теренот, од шансите кои ги создадоа неговите момци до реализацијата.

„Одлична вечер. Беше многу тежок натпревар, токму како што очекувавме. Тие се многу силен противник“, рече Артета.

„Во првите 10 минути игравме малку неодлучно и мораше да се адаптираме. Мораме да им оддадеме признание на нашите противници – тие успеаја двапати да го надминат нашиот притисок и да организираат напади во кои се многу опасни. Но, потоа ја презедовме иницијативата и почнавме да создаваме шанси“, рече шпанскиот специјалист, па додаде: 

„Второто полувреме го започнавме на неверојатен начин, станавме поактивни и бевме ефикасни во секоја акција. Моравме да бидеме многу внимателни и прецизни во нашите одлуки кога и што да правиме. Голема заслуга им припаѓа на моите играчи бидејќи не е лесно против овој тим.

Создававме многу шанси во последните неколку недели, но денес разликата беше очигледна. Во другите натпревари мораше да се бориме за голови за да победиме, но денес квалитетот на шансите беше врвен и тоа е она што го одлучи исходот од натпреварот“, рече тренерот на „топџиите“.

ПретходноБалотели размислува за понуда од ОАЕ
Следно2025 – година во која спортот плачеше: Никогаш нема да бидете заборавени!