Гранде, Енис и Седло: Македонија се гордее со своите капитени!

74

Кога на една фотографија ќе ги видите Горан Пандев, Енис Барди и Гоце Седлоски, јасно е дека кај секој вистински фудбалски фан во Македонија ќе има емоции. Гранде, Енис и Седло се капитените на нашата А-репрезентацијата во последните две децении. Заедно имаат 302 настапи, заедно имаат бројка од 163 меча на нашата најдобра селекција на кој еден од нив тројца бил капитен, а тоа се повеќе од половината мечеви во историјата на нашата селекција.

Пандев има 122 настапи а бил капитен на 91 меч. Гоце Седлоски заврши со 100 настапи а бил капитен на 43 средби, а Енис Барди на своите 80 средби за Македонија дури на 29 бил капитен. И оваа бројка кај сегашниот капитен ќе расте, ако се знае дека пред Барди се уште има години играње за нашата селекција.

И сега сите тројца се во заедничка мисија, а таа е во следниот период А- репрезентацијата да има уште подобри резултати, секако дека сонот е пласман на Мундијалот 2026.

И сите тројца ќе дадат се од себе тој сон да се оствари. Ги знаеме како родени победници, како фајтери и големи борци кои уживаат да играат за Македонија и срцето го оставале и оставаат за својата репрезентација.

Гранде е спортски директор на репрезентацијата, Седло е селектор а Барди капитен.

Некој и намерно да сакаше да ја состави оваа тројка, немаше вака да ја состави, да ја погоди што се вели. Па зарем треба да се трошат зборови за нивните заслуги, за тоа што дале и даваат за Македонија?

Ова е веројатно ФОТО НА ГОДИНАТА 2025.

Гранде, Енис и Седло подготвени за нови успеси во годината што претстои и во која ќе има големи предизвици.

Да им посакаме многу успех и секако многу среќа.

Да, Македонија се гордее со своите капитени.

ПретходноМиовски во Динамо Загреб?! Фановите во Хрватска го “селат“ Македонецот во таборот на “модрите“! (ФОТО)
СледноНовогодишната желба на Тевез: Проштален меч на кој ќе бидат Роналдо, Меси, Руни…, а јас ќе бидам резерва!