Бурно беше во мак – фудбалот непосредно по изборот на Гоце Седлоски за нов селектор на нашата А-репрезентација. Не минаа ни неколку часа, на своите социјални мрежи се огласи екс – селекторот Игор Ангеловски кој своето незадоволство го искажа на крајно неприкладен начин. Секако најголема “врева“ се дигна околу тоа кога тие што го избраа Седлоски, Мрме ги нарече – стаорци.
Секако дека тоа беше повод претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ на средбата со новинарите, ден по нападот на Ангеловски, да го искаже својот личен став:
“„Имавме убава презентација на новиот селектор со убава порака за обединување. Човечки, културно и спортски е да се даде поддршка за избраниот. Кога бирате има 10 опции, а бирате една. Ангеловски некои свои лични амбиции ги стави пред репрезентацијата. Би сакал да каже кои се личните интереси кои ги имаме. Јас немам такви, работам про-боно. Крајно некоректно беше веднаш да реагира, можеше да почека. Тоа кажува само за себе. Му посакувам добро здравје, да поработи на тренерските способности, бидејќи неговите последни ангажмани траеја пократко од рокот на јогуртот во супермаркет. Јас му се јавив лично двапати, да му укажам дека е еден од кандидатите. Од таа причина му кажав дека размислуваме меѓу него и Седлоски. Се одлучивме за новата енергија. Буквално ќе кажам, по таков напад мора да се каже и другата страна. Ни одговори дека би работел пак во федерацијата и кажа дека ќе ја поддржи нашата одлука и тоа јавно. Тоа е неговото мислење, не е во прв план“ истакна Омерагиќ.
Според “СпортСпорт“ оваа негова изјава е изјава на годината во 2025 во мак – фудбалот.










