Дали е можно Бојан Миовски да направи трансфер во Динамо Загреб? Ова доаѓа откако вчера фановите на “модрите“, а и некои ФБ профили во Хрватска најавија дека можно е таквото сценарио.
Сепак, останува да се види како на ова ќе реагира како прво самиот Миовски, а потоа секако и неговиот клуб Глазгов Ренџерс, а на крај и самите луѓе во хрватскиот гигант.
Се наведува дека е можна позајмица во јануари, но останува да почекаме. Очигледно е дека Динамо Загреб како да не може без Македонци. Откако минатото лето си заминаа Аријан Адеми и Стефан Ристовски, дали сега на ред е Бојан Миовски, еден од нашите најдобри фудбалери, да го облече дресот на “модрите“ од Загреб.
Интересно е дека засега, барем вчера и денеска медиумите во Хрватска и Шкотска не известуваат за ваков можен трансфер.










