Влатко Андоновски Шате е еден од најпознатите македонски фудбалски работници во светот. Направи фантастична тренерска кариера во САД каде што во женскиот фудбал е еден од најценетите стратези на денешницата.
Некогашниот селектор на САД во женска конкуренција, беше во посета на Фудбалската Федерација на Македонија каде што оствари средба со претседателот Масар Омерагиќ. Обацјата разменија мислења на повеќе теми, затоа што искуството во двата случаји, животно, фудбалско е непроценливо.










