ФФМ ги одбра своите „2025“ моменти (ВИДЕО)

44
ФОТО: FFM.MK

Македонската фудбалска репрезентација ја одбележа оваа 2025 година со својот голем успех во квалификациската група за Мундијалот во САД, Мексико и Канада кој што е закажан за следното лето.

Нашиот национален тим изоде исклучително трнлив и тежок пат за да стигне до бараж дуелот кој што е закажан за 26 март во Данска. За да се стигне до таму. Мораше да се освојуваат бодови против Белгија, Велс, Казахстан, а Фудбалската Федерација на Македонија ги издвои четирите моменти кои се вредни за паметење во оваа 2025 година.

Елмас, Барди, Трајковски, Алиоски… ја одбележаа оваа наша „репрезентативна“ 2025 година со своите погодоци, а се надеваме дека истото ќе го направат и во следната 2026 година.

ПретходноБарди: Македонија секогаш го оди потешкиот пат, а Мундијалот е сон на секој фудбалер
СледноЕдно фото а милион зборови: Цапар, Милко, Илија и Дарко на меч меѓу “вечните“ ривали во Белград!