Ливерпул не успеа да го победи Лидс, Кристал Палас со реми против Фулам

137

Тимот на Ливерпул не ја оправда фаворитската улога на првиот меч во новата година од рамките на Премиер лигата, и одигра само 0:0 на свој терен против екипата на Лидс.

Разочарувањата во таборот на „Редси“ продолжија и по новата година што значи дека навивачите и натаму ќе бидат експремно незадоволни.

Со овој освоен бод, Ливепрул стигна до 33 поени сезонава, додека за Лидс овој бод е екстремно важен во битката за осптанок. Лидс во моментов има 21. бод и 16 место.

Од друга страна пак, и во вториот дуел од терминот од 18:30, немаше победник. Кристал Палас и Фулам одиграа 1:1. Матета во 39. минута ги доведе домашните во водство но Карни им одзеде два бода со израмнувачкиот гол во 80. минута

ПретходноРакометната репрезентација на Македонија ви посакува среќни новогодишни и божиќни празници (ВИДЕО)
СледноБренан Џонсон прифати: Велшанецот од Тотенхем оди во Кристал Палас