Премиерлигашот Астон Вила реализираше трансфер за кој што смета дека во години кои што претстојат ќе има сериозно позитивен ефект во игрите, резултатите, а можеби и финансиите на клубот.
Денеска во Бирмингем за новитет е промовиран досегашниот играч на бразилски Гремио, 19 годишниот Алисон, кој што важи за еден од најквалитетните играчи во Бразил во моментов и кој што е изразит напаѓач.
„Астон Вила со задоволство го објавува потпишувањето на 19. годишниот бразилец Алисон од Гремио. Алисон, млад напаѓач, е производ на академијата на клубот од Порто Алегре, каде што дебитираше во јули 2024 година. Алисон стана редовен стартер за Гремио, имајќи 34 лигашки настапи минатата сезона.“ – се вели во соопштението на клубот.
Aston Villa is delighted to announce the signing of 19-year-old Brazilian Alysson from Grêmio. pic.twitter.com/JoU3EBRCJw
— Aston Villa (@AVFCOfficial) January 1, 2026










