Кошаркарите на Мајами славеа на гостувањето кај Детроит со 118:112 и така ја забележаа четвртата победа по ред во НБА лигата.
Најефикасен кај Мајами беше Норман Пауел со 36 поени, Кај Детроит најдобар беше Кејд Канингем со 31 поен.
Мајами сега има биланс од 19 победи и 15 порази, додека Детроит и понатаму е лидер на Источната конференција со скор 25-9.
Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс на домашен терен ја совладаа Јута со 118:101.
Клиперс до победата ги предводеше Кавај Ленард со 45 поени, а одлична поддршка имаше од Џејмс Харден со 20. Во поразениот тим најефикасни беа Кајл Андерсон со 22 поени и Брајс Сенсабо со два помалку.
Хјустон славеше на гостувањето кај Бруклин со 120:96, што беше прва победа на Рокетс во Бруклин по седум години.
Хјустон до триумфот го водеа Амен Томпсон со 23 поени и Кевин Дурент, кој постигна поен помалку и додаде 11 асистенции. Кај Бруклин најефикасен беше Томас со 21 поен.
Гостинска победа забележа и Филаделфија, која беше подобра од Далас со 123:108. Бостон, исто така, славеше на гостински терен, победувајќи го Сакраменто со 120:106. Џејлен Браун беше лидер со 29 поени и 10 скока. Во редовите на Сакраменто, кој го запиша деветтиот пораз во последните 11 натпревари, најефикасен беше Демар Дерозан со 25 поени.










