Најавено па потврдено: Арсими се пофали со Хоган Укпа! (ФОТО)

147
ФОТО: KF Arsimi/FB

Најавата на СпортСпорт од 27 декември се оствари. Хоган Укпа е првото зимско засилување во редовите на Арсими. Играчот за врска од Нигерија во изминатиот период немаше клуб откако си замина од Струга ТЛ минатиот јануари. Инаку Укпа беше дел од тимот на стружани и беше во составот кога оваа екипа ги освојуваше титулите во ПМФЛ во сезоните 2022/23 и 2023/24.

Претходно Укпа го носеше дресот на Лиепаја од Летонија од каде и дојде во Струга ТЛ, во Македонија во 2022 година.

Се разбира дека Арсими се засили со квалитетно фудбалско име кое и тоа како има искуство во нашата елитна фудбалска лига.

ПретходноШкендија во мисија – Марко Ѓорѓиевски!
СледноСерхио Рамос купува акции во поранешниот клуб?