Белградска Црвена Звезда со голема гостинска победа ја започна новата 2026 година во Евролигата. Вечерва на гостувањето во Истанбул против Анадолу Ефес, во рамките на 19. коло, „црвено-белите“ убедливо го победија домашниот тим со резултат од 87:65.
Ова беше 11-та победа за белграѓани оваа сезона во која имаат и 6 порази. Анадолу Ефес го претрпе тринаесеттиот пораз, трет по ред.
Џордан Нвора со 24 поени и пет скока, со 5/6 тројки беше најдобар на теренот, додека Монеке го следеше со 16 поени и 8 скока. Кај Анадолу, Вајлер-Беб играше подобро во второто полувреме и постигна 17 поени.










