Барса посилна со Јамал и Олмо за локалното дерби против Еспањол

52
FC Barcelona

Викендов, на програмата во рамките од новото коло во шпанската Примера се игра градското дерби помеѓу екипите на Барселона и Еспањол.

На официјалната прес конференција пред дуелот кој што патем е закажан за утре со почеток од 21:00 часот, тренерот на Барселона, Ханси Флик објави дека може да смета на двете свои големи звезди Ламин Јамал и Дани Олмо, кои се враќаат од повреди.

„Нè очекува многу интересен натпревар. Еспањол одлично ја врши работата, игра многу добро. Ќе мора да бидеме многу фокусирани и да играме на највисоко ниво. Ламине Јамал и Дани Олмо се подготвени за дербито“, рече Флик.

ПретходноИ Пелистер ќе се подготвува во Анталија, закажани се три пријателски! (ФОТО)
СледноОфицијално: Радосављевиќ е нов тренер на МРК Куманово! (ФОТО)