„Коџаели ТВ“: Чурлинов доби понуда од Полска, но Коџаелиспор не го пушта

130
фото: Kocaelispor (X)

Турската телевизија „Коџаели ТВ“ објави информација дека Дарко Чурлинов има активна понуда да се врати во Полска од еден од тамошните прволигаши. Понудата стигнала пред Нова година, но Коџаелиспор веднаш ја одбил и нема намера да му дозволи на нашиот репрезентативец да си замине оваа зима.

Офанзивниот играч кој се приклучи на Коџаелиспор на почетокот на сезоната, привлече внимание со својата одлична форма во последните натпревари. Постигнувајќи два гола и една асистенција на еден од последните натпревари, тој веќе предизвика интерес и восхит кај тренерскиот персонал и навивачите на турскиот клуб.

Главниот тренер на Коџаелиспор, Селчук Инан, доставил позитивен извештај за настапот на Чурлинов во првиот дел од сезоната и дека играчот игра важна улога во системот. Тоа автоматски значи дека понудите од Полска ќе бидат одбиени.

Во полските медиуми се шпекулира со имињата на Легија и Видзев Лоѓ како два тима кои сакаат да го вратат Чурлинов во Полска, каде претходно со успех го носеше дресот на Јагиелонија.

ПретходноОд Унгарија во Полска: Кипријановска потпиша за Рух Калиш
СледноПотврдено: Грос се врати во Премиерлигата, повторно ќе игра за Брајтон