Леао го однесе Милан на врвот во Серија А

57
фото: AC Milan (X)

Со првата победа во 2026-та, екипата на Милан се врати на чело на табелата во Серија А лигата. Вечерва на гостувањето кај Каљари, „росонерите“ славеа со 0:1 со единствениот гол на Рафаел Леао во 50-тата минута од мечот.

За Милан ова беше 11-та победа оваа сезона со која дојде до 38 бода, два повеќе од второпласираниот Интер, кој својот меч од ова коло ќе го одигра в недела против Болоња, по што со евентуална победа ќе може да се врати на првото место.

За Милан вечерва дебитираше и новото засилување, Германецот Филкруг, кој во Милано се пресели од лондонски Вест Хем. Филкруг влезе од клупата во второто полувреме.

ПретходноФратези одби трансфер во Фенербахче, сака во Јувентус
СледноЛиверпул купува дефанзивец на Клуб Бриж за 50 милиони евра?!