Рома и дефинитивно тргнува по Зиркзе и Распадори!

37
ФОТО: Manchester United/FB

Раководството на Рома знае дека без две засилувања во нападот не ќе може да ја продолжи битката за највисок пласман во Серија А. Тому затоа “Волчицата“ има намера и тоа како да се засили и тоа со Џошуа Зиркзе (Манчестер Јунајтед) и Џакомо Распадори (Атлетико Мадрид) и за нив двајцата подготвени се 50 милиони евра. Инаку и двајцата се под договор со своите клубови.

Преговорите за Зиркзе започнаа одамна и играчот даде зелено светло за преселба во Рим. Подготвена е и понудата на Рома, која вклучува позајмица во вредност од 5.000.000 евра со опција за откуп за 30.000.000. Дури и откуп би станал задолжителен ако Холанѓанецот е стандарден. Проблемот е Манчестер Јунајтед кој не сака да го пушти додека не донесе замена (желбата е Матета од Палас) или барем додека не заврши Африканскиот куп на нации, на кој учествуваат Амад Дијало и Брајан Ембеумо.

Затоа трансферот на Зиркзе во Рим треба да се очекува дури на крајот од зимскиот пазар. Дотогаш, дресот на Рома би можел да гио облече Џакомо Распадори. Шампионот од минатата сезона со Наполи се пресели во Атлетико Мадрид ова лето за 26.000.000 евра вклучувајќи бонуси, но тој не се покажа како засилување. Мадридскиот клуб веќе му кажа дека е најдобро да си замине уште оваа зима и се подготвени да преговараат со Рома за деталите. Прво, чекаат Италијанецот да каже „да“. Идејата на римскиот клуб е да плати 2.000.000 евра за позајмица плус 19.000.000 евра за опција или задолжително откупување под одредени услови. На Распадори му се нуди плата од 3.500.000 евра нето ако трансферот стане перманентен од летото.

ПретходноПотврдено: Грос се врати во Премиерлигата, повторно ќе игра за Брајтон
СледноФратези одби трансфер во Фенербахче, сака во Јувентус