Фратези одби трансфер во Фенербахче, сака во Јувентус

60
фото: Inter Latino (X)

Играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фратези, е подготвен да замине во Јувентус.

Претходно беше објавено дека Фенербахче сака да го земе 26-годишниот фудбалер на позајмица со задолжителен откуп и е подготвен да потроши околу 40 милиони евра. Јувентус, Рома и Наполи исто така покажуваат интерес за играчот од средниот ред, но „нероаѕурите“ не сакаат да го дадат играчот кај некој од своите директни конкуренти.

Сепак, според „Тутоспорт“, Италијанецот одбил трансфер во турскиот клуб. Тој сака трансфер воа Јувентус бидејќи сака повторно да работи со Лучијано Спалети. Сега, кога Интер сè уште не успева да му го даде на играчот од средниот ред времето за играње што го посакува, Фратези размислува за трансфер во јануари како можен начин да ја подобри неговата ситуација, а Јуве го смета за своја најдобра опција.

ПретходноРома и дефинитивно тргнува по Зиркзе и Распадори!
СледноЛеао го однесе Милан на врвот во Серија А