Фудбалер на Мец тешко повреден во ужасна несреќа во швајцарски скијачки центар!

266
Фото: screenshot X

Млад фудбалер од францускиот клуб Мец е меѓу повредените во ужасна несреќа во швајцарски скијачки центар, во која најмалку 40 лица ги загубија животите, додека повеќе од 100 беа повредени. Имено, станува збор за францускиот фудбалер Тарис Дос Сантос (19), член на младинскиот тим на Мец.

Како што е објавено, Дос Сантос е тешко повреден во експлозија и пожар што избувнаа во бар во швајцарскиот скијачки центар „Кранс-Монтана“, објави неговиот клуб.

Според клубот, Дос Сантос претрпел тешки изгореници и моментално е на лекување во Германија, каде што му е укажана специјализирана медицинска помош. Неговата здравствена состојба засега не е детално објавена.

Тој е еден од првите идентификувани повредени, додека идентитетот на повеќето од 115 повредени и најмалку 40 мртви сè уште не е официјално објавен. Швајцарските власти продолжуваат да ги идентификуваат жртвите и да истражуваат за да ја утврдат точната причина за несреќата.

ПретходноБарселона бара наследник на Левандовски, три имиња се во игра
СледноГолема победа на Мајами против лидерот на Истокот, Кавај Ленард без милост (ВИДЕО)