Хрватска ќе мора без еден од најдобрите на ЕП 2026!

87
ФОТО: Hrvatski rukometni savez/FB

Се чини и повеќе од катастрофални вести за селекцијата на Хрватска и секако селекторот Дагур Сигурдсон. Имено ЕП 2025 почнува за две недели а денеска е официјализирано дека оваа селекција не ќе може да смета на Марин Шипиќ, на еден од најдобрите хрватски ракометари, кој игра пикер.

Тој е повреден и Сигурдсон посочи денеска не смета на него, освен ако не се случи некое чудо па за овие две недели Шипиќ магично не заздрави. Сепак пикерот не е на списокот на Сигурдсон кој беше објавен денеска.

Да потсетиме дека токму Марин Шипиќ беше еден од клучните ракометари на Хрватска на минатиот Мундијал.

ПретходноДон Флорентино со шокантен предлог:„ Даваме пет играчи за него!“
Следно„Бомба“ од Лондон: Арсенал во преговори со ѕвездата на Баерн Минхен!