Ц. Звезда со убедлив триумф во Истанбул ја почна 2026-та во Евролигата

57
фото: KK Crvena zvezda Meridianbet (X)

Белградска Црвена Звезда со голема гостинска победа ја започна новата 2026 година во Евролигата. Вечерва на гостувањето во Истанбул против Анадолу Ефес, во рамките на 19. коло, „црвено-белите“ убедливо го победија домашниот тим со резултат од 87:65.

Ова беше 11-та победа за белграѓани оваа сезона во која имаат и 6 порази. Анадолу Ефес го претрпе тринаесеттиот пораз, трет по ред.

Џордан Нвора со 24 поени и пет скока, со 5/6 тројки беше најдобар на теренот, додека Монеке го следеше со 16 поени и 8 скока. Кај Анадолу, Вајлер-Беб играше подобро во второто полувреме и постигна 17 поени.

ПретходноБорозан заминува од Вардар, но најверојатно останува во Македонија?
СледноМакедонија е комплетна, Томовски порача: Ќе оставиме срце на терен – тоа е сигурно!