Навистина што се случува во селекцијата на Словенија во пресрет на ЕП 2026 кое започнува за две недели? Селекторот Урош Зорман се соочи со вистинска катастрофа бидејќи речиси половина од неговиот тим го откажа својот настап на ЕП, од различни причини. Дури осум ракометари нема да го носат дресот на Словенија првенството. Тоа се Нејц Цехте, Блаж Благотиншек, Борут Мачковшек, Миха Зарабец, Матиќ Грошељ, Тадеј Кљун, Митја Јанц и Јака Малуш.
Ова се ракометари кои Словенците ќе имаат исклучително тешка задача да ги заменат, а отсуството на клучни играчи како Зарабец, Цехте, Благотиншек и Мачковшек ќе биде особено почувствувано. Словенија ќе игра во група со Црна Гора, Фарските Острови и Швајцарија на Европското првенство со толку ослабен состав.
Токму затоа големо прашање е што може една таква Словенија да стори на ЕП 2026.










