Од Унгарија во Полска: Кипријановска потпиша за Рух Калиш

42

Македонската ракометна репрезентативка Јована Кипријановска, од денеска и официјално е ново засилување за полскиот тим Рух Калиш. Ллеворакиот среден бек во првите денови од новата година ја смени средината и од Унгарија се пресели во Полска.

Таа минатата сезона ја мина во Унгарија во екипата на Шомбател, додека претходно играше и во Франција.

„Многу сум среќна што сум дел од Рух Калиш. Од првиот ден чувствувам голема поддршка и позитивна енергија од клубот и тимот. Верувам дека имаме голем потенцијал и заедно можеме да освоиме многу состаноци. Калиш е место каде што сакам понатаму да се развивам, да ги искористам моите можности и да му помогнам на тимот да ги оствари нашите цели“, изјави во официјалната најава, Кипријановска.

ПретходноМакедонија е комплетна, Томовски порача: Ќе оставиме срце на терен – тоа е сигурно!
Следно„Коџаели ТВ“: Чурлинов доби понуда од Полска, но Коџаелиспор не го пушта