Шкендија во мисија – Марко Ѓорѓиевски!

419

Во текот на зимската пауза во Шкендија ќе има големи рокади во играчкиот кадар со кој првакот на Македонија ќе атакува на двојната круна во земјава и настапот во пролетната нокаут фаза од конференциската лига на УЕФА. Клубот кој зад себе има историска 2025 година само од настапите во натпреварувањата на УЕФА инкасишаше околу 6.000.000 евра, а зимава ќе има и добри приходи од трансферите на неколку од првотимците.

Она што во првите денови од 2026 година е желбата на Шкендија во своите редови да го донесе докажаниот голгетер Марко Ѓорѓиевски. Робузниот шпиц во летниот преоден рок наоправи добар трансфер во Клуж од Романија па беше на отстапница во Херманштад. Претходно имаше три одлични сезони во Силекс а еве сега има шанси да прави кам-бек во Македонија и тоа во тимот на Шкендија.

Она што се преговара е можноста Ѓорѓиевски да биде откупен од Шкендија, а од Клуж нуделе опција за отстапница. Клубот од Тетово и првакот на Романија се во блиска коминукација со оглед на тоа дека зимава од Клуж во Шкендија доаѓа косоварот Дрилон Илсами кој игра во средниот ред,

ПретходноМурињо е подготвен да се врати во Челзи
СледноНајавено па потврдено: Арсими се пофали со Хоган Укпа! (ФОТО)