Газдата на Панатинаикос, познатиот Димитрис Јанакопулос, тешко го „преџвака“ тешкиот пораз од најголемиот ривал Олимпијакос во дербито на Евролигата. Десеттиот пораз по ред во големото атинско дерби го налути Јанакопулос, кој денеска се појавил на тренингот на екипата и имал што да им каже на скапо платените ѕвезди во тимот.
„Почитувајте го клубот и вашите договори, илјадници навивачи не спиеја поради вас. Има натпревари чија важност мора да ја разбереме. Некои работи не можам да ги прифатам. Знам кој пиел алкохол, колку пиел и кога пиел. Нема да споменувам имиња, но знам кои се. Пред два дена, бевте пијани во пет часот наутро. Тоа не можам да го прифатам“, викал Јанакопулос.










