АФКОН: Мали се спаси во 90+6.минута од пораз, ама во пенал – серијата беше подобар од Тунис!

456
ФОТО: TotalEnergies Africa Cup of Nations/FB

Голема драма во Казабланка во меч од 1/8 финалето на АФКОН, драма со среќен крај за селекцијата на Мали која славеше против Тунис и со тоа се пласира во следната фаза на ова континентално натпреварување и тоа по пенал – серијата.

Но, да тргнеме по ред.

Прво Мали во 26.минута остана со играч помалку откако Кулибали доби црвен картон.

И до таа 88.минута резултатот беше 0:0, за да Шаоуат постигна гол за Тунис за големо славје, се мислеше дека тој е побендничкиот гол за оваа селекција.

Сепак репрезентативците на Мали не мислеа така, се играше шестата минута од судиското продолжение кога Синајоко од пенал погоди за 1:1. Следуваа продолженија во кои немаше гол а во пенал – серијата со 3:2 Мали беше подобар и заслужено се пласира во четвртфиналето каде ќе се сретне со селекцијата на Сенегал.

ПретходноБитката за Каталонија за Барса: Олмо и Левандовски “тресеа“, ама херој е “предавникот“ Гарсија!
СледноЧаби Алонсо: “Задоволен сум од играчкиот кадар, но мораме да бидеме будни на трансфер – пазарот!“