Репрезентацијата на Португалија, еден од противниците на Македонија на престојното Европско првенство, направи промена во составот. Селекторот Пауло Переира повика нов голман на местото на вардарецот Мигел Еспиња.
Причината за оваа промена е долгото отсуство на вардаровиот голман од терените поради повреда. Еспиња се појави на подготовките на португалската репрезентација, но физички не е подготвен за предизвикот што го носи Европското првенство.
На негово место Переира го повика голманот на шпанската Сиудад Енкантада – Педро Гашпар Тунишер.
Македонија и Португалија ќе се сретнат во второто коло од групната фаза, поточно на 18 јануари. Нашата репрезентација отвара против Данска на 16 јануари, додека групната фаза ја затвара против Романија на 20. овој месец.










