Камил Раст триумфираше на велеслаломот во Крањска Гора

106

Швајцарката Камил Раст е победник на денешната велеслаломска трка во самките од Светскиот куп која што се одржа во словенечкиот ски центар во Крањска Гора.

Таа имаше најдобро време и по првото возење, а во продолжението ја потврди денешната доминација со вкупно време од 2:00:09.

На втората позиција се пласираше Џулиа Шаиб од Австрија со заостанување од 20 стотинки, додека трета на пиедесталот се искачи Паула Молцан од САД со 47 стотинки заостанување.

Во генералниот пласман води Микаела Ширфин со 698 поени пред Раст со 503 и Алис Робинсон со 484 поени.

 

ПретходноПроценката на Денвер за кам-бекот на Јокиќ сепак е погрешна?
СледноКомо со домашен триумф против Удинезе