Миовски дел од големиот триумф на Ренџерс против Селтик

4232
фото: Rangers Football Club (X)

Голем, огромен триумф на тимот на Ренџерс во мега шкотското дерби против тимотнан Селтик и тоа на гостински терен.

Тимот на нашиот Бојан Миовски кој патем влезе во финишот на мечот, предмалку триумфираше со 1:3 во една од многуте епски пресметки на овие два тима.

Селтик пред своите гледачи поведе со голот на Хјун Јун во 19. минута, но во вториот дел Ренџерс направи комплетен пресврт.

Двата гола на Чермити и на крајот оној на Мур на гостите им донесоа не само три бода туку и огромна радост во сезоната со многу проблеми.

Миовски се врати навреме од здравствените проблеми за да биде дел од ова мега дерби во последните десетина минути од мечот.

 

ПретходноАстон Вила не запира сезонава
СледноМишов си замина од Тиквеш