Митев: Противниците се силни, но не смееме да бидеме отпишани

362

Македонската ракометна репрезентација ја делат нецели две недели со стартот на Европското првенство. Нашите момци подготовките ги одработуваат во Скопје, во салата Автокоманда. Пред да заминат за Хернинг, ќе одиграат три контролни меча во Швајцарија, по што ќе се уптат кон Данска.

Еден од лидерите во нашиот состав се очекува да биде Марко Митев. Вели дека настапот на Светското првенство им дава дополнителна самодоверба за да одиграат на високо ниво и против една Данска, Португалија и Романија.

„Првата фаза ја поминавме, целта во оваа фаза меѓудругото беше и да се воиграме. Ние сме воиграни од претходните настапи и првенство, но сега одново да се вратиме во тој ритам, повторно да се склопиме како тим. Солдно поминаа овие подготовки. Не сме сѐ уште на ‘фул’, но имаме доволно време до ЕП. Се надевам дека ќе го подигнеме нивото барем за 20-30 % и дека на првенството рамноправно ќе се надигруваме.

Противниците се силни, но не сме отпишани. И минатата година имавме многу тешка група на СП и бевме предвреме отпишани, но тогаш покажавме дека можеме да се носиме со сите репрезентации. И оваа година имаме многу тешка група, а Европското првенство според мене е потешко да се игра од Светсткото првенство. Одиме да се надигруваме и да го повториме ланскиот успех, дури и да бидеме подобри. Во ниту еден случај нема да се откажеме, како со Данска – така и со Романија. Нашата цел е да победуваме“, ни изјави македонскиот репрезентативец, Марко Митев. 

ПретходноДимитријевиќ на лекарски прегледи, па потпис со Баерн
СледноМихаил Маневски ја продолжи верноста со ФК Вардар до 2028 година