ФК Вардар годината ја започна со продолжување на соработката со фудбалери од актуелниот состав. Од таборот на „црвено-црните“ известија дека Михаил Маневски потпишал нов договор, со важност до јули 2028 година.
Манаевски кој добро се снаоѓа на позиција лев бек и лево крило, во Вардар дојде во 2024 година од таборот на Тиквеш. Во својата кариера има настапувано за Брегалница, Академија Пандев, Гостивар и Шкендија.
Со своите игри покажа дека е вистински засилување, а одлуката да се донесе од Тиквеш од тогашното раководство е уште поправилна.















