Пеп останува без еден дефанзивец?!

117
ФОТО: Manchester City F.C./FB

Нејтан Аке си оди од Манчестер Сити и тоа уште во текот на овој зимски преоден рок? Холанѓанецот секако дека сака да игра на Мундијалот ама ако и натаму не е стандарден кај Пеп Гвардиола, тогаш јасно е дека мора нешто да стори. А тоа е да оди каде што ќе биде стандарден.

И, за да ја претставува Холандија, мора да игра во клуб, а тоа не е случај. И тоа е она што му го истакнува Роналд Куман.

Всушност, неколку пати ми кажа дека сака да играм повеќе и понекогаш е тешко да ме повика ако не играм многу“, рече Нејтан Аке, додавајќи:
„Ќе се борам, сакам да играм на секој натпревар. Но, нема да кажам дека требаше да играм на секој натпревар, бидејќи Рубен Дијас, Јошко Гвардиол и Нико О’Рајли играат фантастично, како и целата одбрана, сепак, секој играч би сакал да има минути. Ќе видиме што ќе се случи во иднина.“
Нејтан Аке има поскромна улога во тековната сезона отколку во претходните сезони. Тој настапи само на 13 натпревари и собра 596 минути. Не е ни чудо што е вознемирен.

ПретходноФенербахче понуди 25 милиони евра за Гендузи, играчот го договорил трансферот
СледноАдејеми казнет со 90.000 евра!