Почина најдобриот бугарски селектор во историјата, Димитар Пенев

622

Бугарските медиуми попладнево ја пренесоа информацијата дека на 80. годишна возраст почина најдобриот фудбалски селектор кој оваа земја го имала, Димитар Пенев.

Со него Бугарија го оствари најголемиот успех во историјата кога на Мундијалот во 1994 година во САД го освоија четвртото место со легендарната генерација на Христо Стоичков.

Пенев тогаш беше селектор и влезе во фудбалските анали на нашиот источен сосед.

Тој поголемиот дел од својата кариера го помина во ЦСКА, каде што се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци во историјата на клубот. Со „Армејците“ освои седум шампионски и пет куп титули.

ПретходноМиовски се опорави, и се враќа за денешното мега дерби против Селтик
СледноПроценката на Денвер за кам-бекот на Јокиќ сепак е погрешна?