Јувентус – Лече 1:1 е исходот од првиот меч и за двете екипи во новата 2026. Во натпревар од 18.коло во Серија А, гигантот од Торино на свој терен го заврши со голем кикс.Ретко кој можеше да претпостави дека тимот на Лучиано Спалети нема да слави и тоа на свој терен.
Јуве имаше шанси, имаше и зицери за победа, имаше и пенал во 66.минут, но Дејвид не успеа да го реализира. Јилдиз во судиското продолжение ја погоди и стативата, па така на крајот и двете екипи си поделија по бод.
Да напоменеме дека Банда во 45+2. минута успеа да го доведе гостинскиот состав на Лече во водство од 0:1. Домашните само што започна второто полувреме успеа да израмни со голот на МекКени во 49.минута. Интересно е тоа што ова е трет меч денеска кој заврши со резултат 1:1.
Јуве сега има 33 бода и е петти на табелата во Серија А.










