Уф, каков меч во битката за Каталонија, во градското дерби, во еден “наелектризиран“ натпревар поради голманот Хоан Гарсија кој за Еспањол е “предавник“ а од вечерва за Барса е херој. Имено токму Гарсија беше брилијантен во победата на неговата екипа од 0:2. Стрелци на головите беа Олмо и Левандовски во 86. и 90.минута ама она што Гарсија го правеше на голот на гостите, одбрани седум удари од своите некогашни соигрчи. А се почна со свирежи од домашните фанови кон својот некогашен љубимец, имаше и фрлени банкноти ама тоа него како да му даде дополнителна сила. На моменти ги излудуваше домашните играчи. На крајот Олмо и Левандовски ја наградија неговата фантастична партија со два гола и со победа од 0:2.
Ова беше 29 меч во низа во Ла Лига меѓу овие две екипи на кои Еспањол не успеа да победи.
Со овие три бода Барса и натаму е лидер во Ла Лига, но сега со +7 бода пред Реал и со меч повеќе.










