Валенсија доживеа „бродолом“ во Виго

168
фото: Celta (X)

Фудбалерите на Селта ja „потопија“ Валенсија во Виго победувајќи со 4:1 во натпреварот од 18-то коло на шпанската Примера. Тимот на Клаудио Жиралдес оствари убедлив триумф над „лилјаците“ кои сега се во голема опасност повторно да се најдат во зоната за испаѓање.

Борха Иглесијас со гол од пенал во 33-тата минута ги донесе домашните до 1.0, откако претходно Валенсија промаши удар од белата точка. Искусниот напаѓач повторно се истакна со уште еден гол, во 59-тата минута, кога зголеми на 2:0.

Пепелу намали на 2:1 во 70-тата минута, но финишот на натпреварот Ел Абделауи постигна гол во 83-тата минута за 3:1. Конечниот резултат го постави Уго Алварез во петтата минута од судиското продолжение.

ПретходноМишов си замина од Тиквеш
СледноКапитенот на У19 репрезентацијата на Луксембург е меѓу преживеаните од трагедијата во Кран Монтана