Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ се враќа во Евролига. Во вториот дел од сезоната ќе го носи дресот на Баерн, откако побара раскин на договорот со Зенит.
Димитријевиќ денеска треба да ги мине лекарските прегледи, а потоа и официјално да стави потпис на договорот со германскиот тим, предводен од Светислав Пешиќ.
Дебито во дресот на новиот тим треба да го има седми јануари на домашниот терен против Басконија.










