Некогашниот македонски младински репрезентативец Александар Мишов не е повеќе дел до тимот на Тиквеш.
Тој спогодбено го раскинува договорот со клубот од Кавадарци и на пролет ќе го гледаме во друг клуб.
Тој направи кам бек во Тиквеш по настапите во странство, а сега според она што Спортспорт го дознава повторно има шанси да замине надвор од македонскиот шампионат.
Мишов беше дел од бугарски Етар, како и казахстанскиот Туран, а имаше епизода и во грузиска Самтредија.
Во домашниот шампионат настапуваше и за екипите на Академија Пандев и Борец.















