Икарди останува во Галатасарај, ама за далеку помала плата!

276
Фото: Галатасарај Твитер

Како што велат последните вести од Истанбул, Мауро Икарди и Галатасарај се договориле за продолжување на соработката.Аргентинскиот напаѓач кој во минатото играше и за Интер и за ПСЖ, ќе потпише нив договор, но за далеку помала плата од таа што ја имаше досега. Се пренесува дека Икарди се сложил да игра за 4,5 милиони евра годишно што е 40 насто помалку од сегашниот договор што го има со гигантот од Истанбул.

Инаку неговиот договор истекува во јуни, а во Галата е од 2023 година. Секако дека ова е добра вест за армијата фанови на турскиот шампион ако се знае дека Мауро Икарди во изминатите години беше еден од најдобрите фудбалери на Галатасарај.

ПретходноКадетите убедливо славеа на првиот тест со Црна Гора
СледноКамерун ја победи Ј. Африка и закажа четвртфинале со Мароко на КАН