Тимот на Наполи со нашиот Елиф Елмас во стартниот состав, предмалку на гостувањето кај Лацио во Рим извојува екстра важна победа од 0:2, и на тој начин си го задржа местото на самиот врв на табелата.
Гостите на овој меч одлично ја завршија задачата со два рано постигнати голови. Спинацола во 13. минута донесе 0:1, за да Рахмани во 32. минута направи да биде 0:2.
По тоа домаќинот не се снајде најдобро. Стигна само да остане без два играчи откако Нослин беше исклучен во 81. минута, а потоа и Марушиќ заедно со гостинскиот Мазоки во 88. минута.
Наполи е втор со 37. поени, додека Лацио е деветти со 24.
https://streamain.com/en/pNsLD1FTi9O38pc/watch










