Лидс му „откина“ бод на Манчестер Јунајтед

90

Исклучително интересен и неизвесен дуел одиграа предмалку екипите на Лидс и Манчестер Јунајтед во кој домаќинот избори поен, во ремито од 1:1.

Лидс пред своите симпатизери одигра фајтерски и заслужи да се радува на бод, а Јунајтед уште еднаш по којзнае кој пат покажа дека не е тим кој што може да смета на три бода на секој меч особено не на гостувањата во Премиер лигата.

По релативно израмнетото прво полувреме, домаќинот по лошата реакција на Хевен, дојде во водство преку Аронсон во 62. минута.
Јунајтед возврати само три минути подоцна преку Матеус Куња кој што одлично ја искористи асистенцијата на Зиркзе.

И двата тима сакаа да дојдат до полн плен, имаа по некоја ситуација но истите не беа искористени.

Јунајтед е петти со 31. бод, додека Лидс е на 16 место со 22 поени.

 

ПретходноАрсенал на Артета ги надмина „Непобедливите“: Што треба да се случи за овој тим да не ја освои титулата?
Следно“Четири скокалници“: Јапонецот Никаидо победник во Инсбрук, Превц на второто место!