Серафимов: Мора да влеземе „јако“ на сите мечеви – без разлика кој е противникот!

266

Македонската ракометна репрезентација влезе во вториот дел од подготовките за настап на Европското првенство кое од 15. јануари до 1. февруари ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Противниците со кои ќе се соочат избраниците на селекторот, Кирил Лазаров се пеколно тешки. На отварањето, Македонија игра против Данска, по што следи мечот со Португалија, додека групната фаза ја затвара со дуел против Романија.

За сите во тимот е важно да се одигра на врвно ниво, максилано да се борат за секоја топка.

„Првата фаза беше повеќе посветена на физичката подготовка, сега повеќе ќе влегуваме во деталите на тактичкиот дел. Желбите и очекувањата, се да го минеме првиот дел, но противниците се силни, не чека голем и тежок предизивик. Наше е да дадеме максимум. Спортскиот аспект е на секој натпревар да играме за победа.

Данска и Португалија имаат поквалитетни репрезентации, многумина ќе се сложат со тоа. Данска е со години на самиот врв, а Португалија на последното Светско првенство покажаа дека и тие се дел од светиот врв. Да не ја заборавиме и репрезентацијата на Романија, таа е почитувана репрезентација, не ја запоставуваме, но така и по редослед ни доаѓаат натпреварите. Нас ни останува да влеземе ‘јако’ на сите натпревари, да покажеме како треба да се бори секој за Македонија, резултатот ќе дојде сам по себе“, ни изјави Мартин Серафимов. 

ПретходноФлик: Има работи што треба да се променат, задоволен сум од трите бода
Следно„Лампард направи чуда, тој е вистинскиот човек за Челзи“