Екипата на Тиквеш од Кавадарци ги брои деновите до стартот на овогодинешните зимски базични подготовки. Под водство на тренерот Борче Христов, Тиквеш во последните неколку кола од есенскиот шампионат се рехабилитираше колку толку на играчки и резултатски план, а зимава се посакува што се вели „нов старт“.
Се планира солидно засилување на тимот, заминување на оние за кои што нема повеќе место во Кавадарци и секако адекватни подготовки.
Истите според информациите од Кавадарци ќе се одвиваат во Турција, поточно во Белек, каде што Тиквеш ќе престојува од 17. до 31. јануари.
Што се однесува до заминувањата единствено потврдено засега е она на Александар Мишов.
Тренерот Христов ја закажа прозивката за 9 јануари.















